Шкупи заслужи да дојде до водство на Чаир над Пелистер, но немаше среќа. Дури седум утнати шанси на чаирчани. Два пати ја погодија стативата (Дарбо и Исени), а во финишот од првиот дел не реализираа и пенал, Исени ја погоди само пречката. По првите шанси се истакна и голманот Талески кој спасуваше.

Во првиот дел на стадионот Чаир нема голови, но Шкупи и тоа како заслужи да води. Пелистер не направи ниту една шанса. Имаше и искри при досудениот пенал на чаирчани во 42. минута.

Дали ќе има казна за неискористените шанси, или, пак, Шкупи конечно ќе реализира, ќе видиме во вториот дел.

Еве како изгледаше нереализираниот пенал на Шкупи.