Иако Лео Меси има намера да се пресели во Премиерлигата, и тоа во Манчестер Сити, клубови како Јуве се ште сонуваат дека може да го доведат во своите редови, и да го составот еден од најдобрите тандеми во историјата Роналдо – Меси. Тоа би било нешто фантастично за фановите на најтрофејниот италијански клуб, но сепак дали е тоа реално. Дали навистина Јуве има толку пари не само да го купи Меси туку и да ги „истрпи“ платежно двајцата најдобри фудбалери во светот во последната деценија, ако не и во историјата.

Секако дека тоа ќе биде преголем залак за клубот од Торино, посебно ако се знае дека и онака Јуве има проблеми со платата на Роналдо, а ако Меси дојде тогаш можеме да претпоставиме колку ќе им треба на семејството Ањели од семејната каса за да ја плаќаат иконата на Аргентина, па и на Барселона.

Можеби затоа тајниот план на Јуве е да го продадат Роналдо, исто и Дибала а потоа да се префрлат на купување на Меси.

Само така и никако поинаку, за жал за фановите на Јувентус.