И Ердон Даци, исто како својот репрезентативен соиграч, Серафимов, позитивно гледа на дуелот против Шпанија. Имаат силен и квалитетен противник пред себе момците од У21-селекцијата, но тоа е како мотив, особено по онаа прва средба кога на свои грешки примија три гола.

„Не е невозможно, треба да покажеме дека вредиме и дека можеме да ја победиме Шпанија. Во фудбалот сè е можно. Знаеме со каков состав располага Шпанија, но и ние имаме добри играчи, ќе биде интересно. Сигурен сум дека ќе биде добар натпревар. Подготвени сме, верувам дека ќе направиме нешто добро“.

Натпреварот со Шпанија е закажан за 3. септември во Скопје, пет дена подоцна Благоја Милевски и неговите избраници и гостуваат на селекцијата на Фарски острови.