Македонската репрезентација до 21 година денеска го одработи првиот тренинг како дел од  подготовките за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство. Како што е познато селекцијата предводена од Благоја Милевски на 3. септември ја пречекува Шпанија (18:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“), додека на 8. септември гостуваме на Фарски Острови.

Милевски повика 24 играчи на списокот на фудбалери, шестмина се дебитанти, отпаднаа Јани Атанасов и Емил Абаз (сеуште без клубови) и  Хајдари поради повреда.

Инаку сите играчи во младинскиот национален тим се негативни на коронавирус, па Милевски можеше да ги види сите расположиви сили.