Ерменскиот играч за врска Хенрих Мхитаријан го раскина договорот со Арсенал и потпиша траен договор со италијанска Рома, соопштија денеска од лондонскиот клуб.

Мхитаријан пристигна во Рома пред почетокот на сезоната, откако помина 18 разочарувачки месеци во Арсенал. Потоа се пресели во Рим како дел од договорот за размена, одлично се вклопи во новиот тим и реши да продолжи во Италија.

“Мики (Мхитаријан) официјално го напушта нашиот клуб откако беше испратен на позајмица минатата година. Ние ги раскинуваме односите со него и тој потпиша договор со Рома како постојан играч”, се вели во соопштението на Арсенал.

Минатата сезона во Серија А тој постигна 9 гола.