Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Никица Јелавиќ, од денеска е нов играч на загрепската Локомотива. По 13 години минати во странство, тој реши да се врати дома.

„Носталгијата и желбата да бидам со моето семејство во Загреб беа одлучувачки. Иако неодамна наполнив 35 години, можам да му помогнам на тимот со моите игри и совети и да ги водам младите играчи. Локомотива минатата сезона го играше најубавиот фудбал во лигата, верувам дека како одминува времето ќе станува се подобро и подобро. Оваа двонеделна пауза во првенството поради репрезентативни натпревари добро ќе ми дојде, со цел подобро да се вклопам во тимот“, изјавил Јелавиќ.

Последниот клуб за кој настапуваше 35-годишниот напаѓач е кинески Гуижу.