Во пресрет на новата репрезентативна акција, УЕФА донесе нов пакет правила предизвикани од коронавирусот, кој вклучува и опција за одлучување на победник на меч по пат на ждрепка.

Имено, доколку не постои опција некој меч да се одигра поради коронавирусот, а за него не може да се одреди нов термин, во случај кога ниту една од двете селекции не е одговорна за тоа, конечниот резултат на натпреварот ќе биде решен со ждрепка. Во тој случај можни се три исходи – триумф на домаќините од 1:0, триумф на гостите од 1:0 или нерешено 0:0.

Се разбира, ова сценарио ќе се случи само откако ќе бидат исцрпени сите можности за играње на натпреварот или закажување нов термин.

Според одлуката на УЕФА, натпревар може да се игра доколку тимовите можат да сметаат на најмалку 13 играчи, вклучувајќи и еден голман. Во спротивно, прво мечот ќе се одложи.