Ѕвездите на Пари Сен Жермен Анхел ди Марија, Леандро Паредес и Мауро Икарди најверојатно се инфицирале со коронавирус КОВИД-19 за време на летниот одмор на Ибица, пренесуваат француските медиуми. По финалето во ЛШ на играчите на ПСЖ им било дозволен краток одмор, а дел од фудбалерите со своите понежни половини заминале на Ибица.

Според „Екип“ играчите на Ибица го прекинале одморот порано и се вратиле во Париз каде што биле ставени во изолација. Иако клубот засега молчи, медиумите пишуваат дека покрај нив Ерера, Навас и Нејмар се останатите членови на ПСЖ кои се заразиле со КОВИД-19 на Ибица.

Ако ова е точно тогаш ПСЖ ќе има големи проблеми околу составот пред настапот во првенството и првиот меч со Ленс на 10 септември.