Арсенал денеска промовираше нов член. Тоа е 22-годишниот дефанзивец Габриел Магаљеш кој доаѓа од редовите на француски Лил. Сумата која „топчиите“ ќе ја платат за овој бразилски младински репрезентативец изнесува 27 милиони фунти.

Договорот е на пет години, а играчот го доби бројот 6.

Габриел почнал во бразилскиот Аваи, а во 2017 станува член на Лил. Играл на позајмица во Троа и Динамо Загреб, а пред две години почнува стандардно да игра за популарните „кучиња“.

Пред Арсенал, Габриел беше во плановите на Манчестер Јунајтед меѓутоа тој не одлучи да отиде на „Олд Трафорд“.