Силекс го доби потенцијалниот ривал ако го мине косовскиот тим Дрита. Кратовци доколку се пласираат во 3. квалификациско коло, одат на гости кај Легија Варшава.

Ова би било исклучително тешко гостување за кратовскиот тим, но атрактивен противник, можеби најсилниот во Полска.

Добро е што мечот би се играл без публика, со оглед дека Легија ги има едни од најжешките навивачи не само во Полска, туку и пошироко.