Струга Трим Лум максимално ја користи репрезентативната пауза. Пред продолжението на сезоната во ПМФЛ, стратегот Срѓан Захариевски сака неговите момци да го задржат натпреварувачкиот ритам.

Спаринг партнер на струшкиот тим ќе биде Партизани Тирана, кој е на подготвки во Охрид. Дуелот со албанскиот прволигаш е закажан за во сабота.

По 4. коло во ПМФЛ, Струга Трим Лум се наоѓа на деветото место на табелата со скор од една победа, едно реми и два порази.

Следен противник по завршување на репрезентативната пауза ќе биде составот на Силекс.