Македонската фудбалска репрезентација во полн ек се подготвува за квалификациските дуели против Ерменија и Грузија во Лигата на Нации.

По Столе Димитриевски кој поради „Ковид-19“ нема да биде на голот за овие две средби, од списокот на селекторот, Игор Ангеловски отпадна уште еден играч.

Станува збор за Даниел Аврамовски, кој во Скопје допатувал со повреда на предната ложа. Фудбалерот на Кајзеирспор веднаш се вратил назад.

„Аврамовски и пред почетокот на подготовките беше под знак прашалник за настап, а сериозноста на повредата е причина што фудбалерот на турски Кајзериспор нема да може да биде во комбинација за настап на двата натпревари од Лига на нации против Ерменија и Грузија“, соопштија од ФФМ.

Предводникот на нашиот најдобар национален состав дополнително ќе одлучи кого ќе повика на местото на Аврамовски.

Претходно, Ангеловски го повика Мартин Богатинов како замена за Димитриевски.