И официјално се знае кои се тројцата заразени играчи на ПСЖ од Ковид-19. Како што пренесуваат медиумите во Франција тоа се Нејмар, Ди Мариа и Паредес. Секако дека ова е голем удар за евопскиот вицешампион, кој за една недела треба да ја одигра својата првенствена среднба и тоа против Ленс. Правилото кое Лига 1 го воведе вели дека клубот може да побара одложување на мечот само ако има најмалку четворица играчи позитивни на коронавирусот.

Инаку неколку играчи ма ПСЖ биле на одмор на Ибица, меѓу нив и Ди Мариа и Паредес, па се претпоставува дека овие двајца таму се заразиле. Сепак покрај нив таму биле и Икарди, Навас, Рико…но тие се негативни.

Од клубот со соопштение потврдија дека тројца играчи на ПСЖ се позитивни на Ковид-19.