Не треба да се трошат зборови за тоа колку вреди и колку е квалитетна младата селекција на Шпанија до 21.година. Но и ние си имаме свои квалитети, свои потенцијал кој не е мал, напротив. Нашите надежи утре вечер од 18:45 часот, во квалификациски меч од групата 6, тоа треба да го докажат. Чурлинов, Митровски, Тошевски, Здравковски… и останатите на Арената “Тодор Проески“ треба да покажат и докажат дека се надежта на мак – фудбалот, и тоа токму против најсилните.

Последниот, официјалниот тренинг на Арената кој се одржува во моментов низ фотографии како да покажува дека Македонија едвај чека да почне дуелот со силната Шпанија.