По цели три години фудбалска апстиненција, Хоризонт Турново, клубот кој пред 7-8 години до последно коло се бореше со Вардар за титулата, кој играше во Европа и со еден Хајдук, одново е во фудбалска акција.

Имено денеска во пријателски меч, турновци со 3:1 го победија составот на Детонит. Стрелци на головите беа Крстев, Милков и Блажевски.

Во сабота се среќаваат со Малеш во Берово, да кажеме дека турновци на овие контролни мечеви тргнаа фуриозно, доказ е денешната убедлова победа над Детонит.

Хоризонт Турново во претстојната сезона ќе играат во Трета лига, не се сомневаме дека набргу ќе се вратат на старите патеки, посебно ако се знаат амбициите на првиот човек на клубот Орце Тодоров кој пред десет години беше творецот на чудото од југот на Македонија.

Тренер на турновци е Ацо Стојанов, довчерашниот тренер а потоа и спортски директор на Беласица.