Уште една донација на Фудбалската Федерација на Македонија со цел подобрување на условите во мак – фудбалот. Како што информираат од ФК Шкупи,ФФМ донирала 1.000 столчиња за старата трибина на стадионот со кои ќе се опреми со цел гледачите кои ќе присуствуваат на натпреварите да имаат комфорни услови.

Да споменеме дека набрзо ќе биде пуштена во употреба и новата трибина на стадинот на Чаир, која е донација на УЕФАФФМ и Општината Чаир.