Од порано беше јасно дека Сеад Колашинац е блиску до враќање во таборот на Шалке. Денеска и самиот тој го потврди, откако се согласил од фамилијарни причини да се врати во Гелзенкирхен, каде играше пред да се пресели во Арсенал. Колашинац дури се согласил за тројно помала плата, само да се врати „дома“.

„Сакам да се вратам. Сакам ќерка ми да учи во Германија“, истакнал Колашинац.

Денеска свој потпис на договорот со Шалке стави Ведат Ибишевиќ. Искусниот голгетер се раздели со Херта, и во иднина ќе игра во Гелзенкирхен. Тој е поранешен соиграч на Колашинац во репрезентацијата на БИХ.