Бока Јуниорс има дури 18 играчи со позитивни тестови на Ковид-19, потврдено е од овој клуб. Тимот ги прекина тренинзите, цела екипа е во изолација, а идентитетите на играчите не се откриваат.

Се наведува дека 10 играчи имаат мали симптоми, додека осум од нив се асимптоматски.

„Сите ќе останат под строга излација во согласност со протоколите“, наведуваат од тимот.

Бока новата сезона треба да ја отвори со Либертад од Парагвај, но сега тој меч е под знак прашалник.