Не и првпат на селекцијата на Ерменија да дојде во Скопје, да игра на Арената, посебно не на Хамбарѕумјан и Барсегјан кои ја знаат секоја тревка на теренот на нашиот најголем стадион.

Но за првпат ерменците дојдоа во Скопје во време на Ковид-19. А тоа значи мерење на температурата, мачкање на рацете со дезинфекциски средства, покажување на негативен корона тест, па дури потоа излегување на тренерот и одработување на оној вообичаен, последен тренинг пред утрешниот дуел со Македонија, прв во новата Лига на Нации.