Андрес Иниеста го доживеа најтешкиот пораз во неговата кариера, и тоа во дресот на јапонски Висел Кобе. Неговиот тим беше поразен со 6-0 во рамките на Лига Куп на Јапонија од Кавасаки Фронтале.

Искусниот фудбалер велезе при 4-0, но не успеа да го ублажи поразот, Висел Кобе прими уште два гола. Ова е најтежок пораз за него од октомври 2002 година кога Барса Б беше совладана од Херкулес со 5-0.

Поразот беше толку срамен што Иниеста мораше да им се извини на фановите преку социјалните мрежи.

„Многу е тешко. На сите наши навивачи можеме само да им се извиниме за оваа игра“, напиша на Иниеста.