Одлуката на Лионел Меси и натаму е непозаната, сите чекаат да се огласи Аргентинецот и конечно да соопшти дали останува или со оди од Барселона.

Нетрпеливи се и неговите пријателси од редовите на каталонскиот гигант, Аруто Видал и Луис Суарез, кои својата судбина ќе ја кројат според плановите на Меси.

Уругвајецот е пред портите на Јувентус, но „Corriere dello Sporta“ денеска пишува дека трансферот може да пропадне доколку Меси остана во Барселона, во овој случај истото ќе го стори и Суарез.

Слична е ситуацијата и со Видал, кој е поблизу до Интер. Барселона сака да заработи од овој трансфер, додека пак чилеанскиот фудбалер сака да замине како слободен играч.

Двајцата би требало веќе денеска да знаат каква судбина ги чека.