Националниот тим на Македонија го одработи последниот официјален тренинг пред утрешната пресметка со Ерменија во Лигата на Нации. Националниот тим во одлична атмосфера и полни со самодоверба го очекуваат утрешниот меч со Ерменците, против кои на домашен терен имаме позитивен исход.

Сите од нашиот национален табор посакуваат триумфален старт на новото издание на Лигата на Нации.

Ова беше тренинг и за отстранување на последните дилеми на Игор Ангеловски околу стартниот тим, ако ги имаше. Се чини дека, сепак, утре нема да може Иван Тричковски кој тренираше одвоено.

Јасно е дека за утре ќе ги немаме голманот Столе Димитриевски кој поради позитивен тест на Ковид-19 остана во Шпанија, и Даниел Аврамовски кој замина од националниот тим поради повреда.