Она што СПОРТМЕДИА го најави изминатите денови, од денеска е и официјално. Сухејљ Мухарем и Сулејман Кулибали и официјално се нови имиња во екипата на Ренова, која на 17 септември, во рамките на 2.квалификациско коло во Лигата на Европа, во Скопје го дочекува Хајдук. Веројатно со Мухарем и Кулибали составот на стратегот Бујар Ислами ќе биде уште посилен.

Инаку Мухарем ќе игра една година за “гипсарите“ и тоа како позајмен играч на Шкупи. Додека Кулибали, кој е класичен дефанзивец си потпиша обичен договор со клубот од Џепчиште кој и оваа сезона во ПМФЛ има високи амбиции.

Кога сме кај Мухарем да кажеме дека тој важи за еден од најголемите таленти на чаирчани во последните неколку години.