Футсал клубот ФК Арбен Бајрами успеа да ангажира навистина звучно засилување, ова е супер трансфер. Имено и официјално чаирчани се засилија со Јакуп Рамадани, кој доаѓа од Нови Пазар – Србија, а претходно играше и за екипите на Јувентус Серава и КМФ Велес, а беше дел и од футсал репрезентација на Македонија. Иако Рамадани беше трансферна цел на повеќе наши футсал клубови, сепак ФК Арбен Бајрами беше најбрз и најконкретен и успеа да го доведе во своите редови. Со Рамадани секако дека и амбициите на чаирскиот прволигаш пораснаа за претстојната сезона во футсал шампионат на Македонија.

Кога сме кај чаирскиот футсал клуб да споменеме дека тој е основан во минатата 2019 година, и лани во првата своја сезона успеа да стане шампион во Втората лига. Сега е прволигаш, и како што рековме, има високи амбиции и во елитната лига во новата сезона.

Можеме да претпоставиме само какво тоа дерби ќе биде меѓу ФК Арбен Бајрами и Шкупи. Соседско, чаирско футсал дерби за уживање.