Колумбискиот голгетер Радамел Фалкао може да се врати во клубот во кој се прослави како фудбалер – Порто. Според португалските медиуми клубот од „Драгао“ се интересира за својот поранешен играч кој сега има веќе 34 години и го сака на позајмица. Инаку Фалкао моментално е член на Галатасарај.

Сепак, прашање е дали турскиот клуб ќе го пушти својот фудбалер кој минатата сезона на 16 натпревари во првенството реализираше 10 голови.

Фалкао имаше одличен ефект во Порто, на 51 првенствен натпревар реализираше 41 гол, а со Порто беше шампион на Португалија и ја освој Лига Европа. Потоа играше и за Атлетико Мадрид освојувајќи го Купот на Шпанија и Лигата на Европа. Од таму замина во Монако триумфирајќи во Лига 1 во сезоната 2016/17. Голема грешка беше трансферот во Манчестер Јунајтед и во Челзи каде не се снајде во Премиер лигата, па од таму отиде во Галатасарај во 2019 година.