Конечно, германскиот репрезентативец Каи Хаверц е нов играч на Челзи. „Сините“ од Лондон комплетираа уште еден трансфер и дефинитивно го имаа најактивниот трансферен преоден рок во историјата.

За Хаверц Челзи ќе плати 80 милиони евра плус уште 20 милиони во форма на бонуси. А германскиот талент стави потпис на петгодишен договор.

Досега Челзи покрај Хаверц ги донесе уште Тимо Вернер од Лајпциг, Бен Чилвел од Лестер, Хаким Зијеш од Ајакс, Маланг Сар од Ница и Тијаго Силва од ПСЖ. За сите нив „сините“ потрошија 220 милиони евра односно сумата ќе достигне и преку 250 милиони евра ако се исполнат и бонусите… Неверојатен преоден рок за клубот од „Стемфорд Бриџ“.