Во подножјето на големата пирамида во Гиза, денеска Египќаните приредија спектакл на извлекувањето на групите за престојното светско првенство во машка конкуренција, кое според планот треба да се одржи од 13 до 31 јануари следната година.

Македонија не доби шанса за настап на Мундијалот, но се уште постојат теоретски шанси за наше учество на шампионатот во Египет, доколку добиеме некаква вајлд-карта во последен момент. Тоа би значело дека нашите момци ќе се најдат во група со домаќинот Египет, Шведска и Чешка, но може да се случи да бидеме и дел од групата со Норвешка, Франција и Австрија.

Во овие две групи има две слободни позиции наменети за преставници на Јужна и Северна Америка.

Група „А“ – Германија, Унгарија, Уругвај, Зеленортски острови

Група „Б“ – Шпанија, Тунис, Бразил, Полска

Група „Ц“ – Хрватска, Катар, Јапонија, Ангола

Група „Д“ – Данска, Аргентина, Бахреин, Конго

Група „Е“ – Норвешка, Автрија, Франција, преставник на С. Америка

Група „Ф“ – Португалија, Алжир, Исланд, Мароко

Група „Г“ –  Шведска, Египет, Чешка, преставник на Ј. Америка

Група „Х“ – Словенија, Белорусија, Ј. Кореја, Русија