Мега трансферите на талентираните германски репрезентативци Тимо Вернер и Каи Хаверц во Челзи е голем минус за Бундес лигата, а голем плус за Премиер лигата е коментарот на селекторот на германскиот национален тим Јоаким Лев.

Негативно е што Хаверц и Вернер не се во Бундес лигата. Но исто така гледам и позитивна работа, а тоа е што двајцата ќе се развиваат како играчи во странство но една од најсилните светски лиги. Каи и Тимо ќе го кренат Челзи на повисоко ниво, а како што тие ќе се подобруваат тоа ќе биде и придобивка за нас како репрезентација“, изјави Лев.