Бекот на Тотенхем Дени Роуз го крена гласот против тренерот Жозе Мурињо за кого вели дека постапува не ферски кон некои играчи. Тој во јануари поради малата минутажа го напушти Тотенхем и како позајмен играч прејде во Њукасл. Пред да отиде на „Сент Џејмс Парк“ англискиот фудбалер побарал состанок на Мурињо и сакал да знае зошто не игра и покрај тоа што се труди многу повеќе од некои фудбалери кои се во првата екипа.

Сакам да знам во што е проблемот. Ако не сакаш да играм кажи ми сега и да си останам дома. Други фудбалери ниту тренираат, играат очајно и повторно се во стартниот тим. Тоа е факт. И самиот го знаеш тоа. Не е фер. Сите во соблекувалната го знаат тоа, но само ти не сакаш или не го гледаш тоа“, вели Роуз.

По оваа дискусија бекот не заигра повеќе за Тотенхем и беше испратен во Њукасл.

Оваа сцена ја има во една епизода од документарецот за Тотенхем кој го снима Амазон прајм.