Светскиот вицепрвак Хрватска, вчера загуби од Португалија со убедливи 4:1. Хрватите не личеа на себе, а веќе по првиот дел победникот во Лигата на Нации можеше да води со убедлива разлика.

Дејан Ловрен беше бесен по поразот, истакнувајќи дека оној кој не е подготвен, не треба да игра.

„Не знам што се случи, бевме многу лоши. По првиот дел требаше да губиме со 4:0. Не е оправдување тоа што за нас не играа Модриќ и Ракитиќ. Кај нив го немаше Роналдо. Сакам да порачам дека оној кој не е подготвен, не треба да игра со Франција. Имаме доволно играчи“, рече Ловрен.