Масимилијано Алгери наскоро би можел да се врати на терените, но како предводник на Холандија, открива „Sky Sport Italia“. Тој ќе биде на местото на Роналд Куман, кој го превзема „кормилото“ на Барселона.

Алегри веќе добил понуда од фудбалската федерација на Холандија, но не е прв фаворит, челниците во моментов преговараат со Хенк тен Ката.

Одморот на екс-стратегот на Јувентус веќе трае година дена, претходно се поврзуваше со ПСЖ, но засега нема ништо ново. Негова желба е да седне на клупата на некој клуб, но сепак одлучи да им даде шанса на федерациите.