Пол Погба ги прекина преговорите со Манчестер Јунајтед околу нов договор, а сега е позната и причината за такво нешто.

Наводно францускиот интернационалец донел одлука да си замине од Манчестер Јунајтед во јануари, и да се врати во Италија, токму во тимот од каде што дојде во Англија – Јувентус.

Јувентус го донесе Погба како слободен играч од Манчестер, а потоа го продаде за 105 милиони. Меѓутоа Погба беше далеку од формата која ја покажуваше како член на Јувентус. Сепак, од Олд Трафорд сакаа да го задржат, но тоа веројатно нема да се случи и играчот на врска ќе се врати во Торино.

Ова Погба го одлучил откако Пирло стана тренер на „Старата дама“, кој важи за голем пријател со Погба.