Македонија со триумф го стартуваше новото издание во Лигата на Нации. Победа над Ерменија во еден тежок натпревар, со многу шанси на Ерменците, но така е кога се игра после долго време во националниот тим. Секој почеток е тежок.

Македонија на крајот забележа победа. Заслужена, ако се има во предвид дека и нашиот национален тим имаше неколку добри прилики за гол.

Она што е важно е дека после корона паузата си ги „мачкаме“ Ерменците и на клупски, и на репрезентативен план. Претходно Ренова го елиминираше Алашкерт во Лигата на Европа, во меч одигран во Ереван.

Во минатото секогаш тешко се справувавме со Ерменците, особено на клупски план. Но годинава не е така.

Уште само на гостински терен кај нив да заиграме подобро, и да ги заборавиме оние порази од 4:0 и 4:1, и се ќе биде во ред.