Шкупи продолжува со добрата форма, па макар се работело и за пријателски средби. Така попладнево на Чаир, момците на стратегот Мухарем Бајрами во контролен натпревар го победија Осогово со 4:0 (1:0), иако според шансите победата требаше да биде изразена со поубедлив резултат. Стрелци на головите беа Диак во два наврати, потоа Дарбо и последниот го даде Дани. Шкупи во првиот дел преку Фатјон Јусуфи не искористи пенал. Интересно е тоа што сите голови чаирчани ги постигнаа со удар со глава и тоа после прекини, нешто што гостите од Кочани едноставно не знаеја како да го поправат во својата игра.

Во првиот дел Шкупи настапи со оние играчи кои имаа помала минутажа во изминатиот дел од сезоната, но затоа во второто полувреме на терен истрчаа стандардните првотимци и просто го растурија Осогово, второлигашот од Кочани.