Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон го објави потписот на бразилскиот дефанзивец Фернандо Марсал од екипата на Лион.

„31-годишниот лев бек кој му помогна на Лион да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите минатата сезона, потпиша двегодишен договор со Вулверхемптон“, соопштија од редовите на „волците“.

Марсал се пресели во Лион во 2017 година од Бенфика. Оттогаш, дефанзивецот одигра 75 натпревари за францускиот тим. Вчера, Вулверхемптон потпиша договор и со напаѓачот на Порто, Фабио Силва. За него англискиот клуб ќе плати 40 милиони евра.