Македонската фудбалска репрезентација, утрово од скопскиот аеродром замина за Тбилиси каде утре во 18 часот по македонско време треба да го одигра и вториот меч од вториот циклус на УЕФА Лигата на нации. По победата над Ерменија во саботниот дуел во Скопје (2:1), избраниците на селекторот Игор Ангеловски одат на втор успех.

Против Грузија поради повреди во нашата репрезентација ќе ги нема Иван Тричковски и Кире Ристевски, кои и не отпатуваа за Грузија. Летот за Тбилиси треба да биде околу три и пол часа, а попладнево по пристигнувањето околу 17 часот по македонско време нашата репрезентација ќе одржи и тренинг на стадионот во Тбилиси, каде утре ќе се одигра натпреварот.