Грузија – Македонија 1:1. И со фудбалер помалку издржавме во Тбилиси. Алиоски направи пенал по кој Грузијците поведоа, врската Пандев-Ристовски резултираше со изедначувачки погодок. Шишковски имаше одлична интервенција во 94 минута со која го спаси овој бод. Со оглед на тоа што се случуваше на теренот овој бод е реален.