Грузијците очекуваа победа, се надеваа дека ќе ја „урнат“ Македонија на нивниот терен во Тбилиси. Но сепак, крајните 1:1 во пресрет на нивниот полуфинален дуел со Белорусија им дава надеж дека ќе играат финале за пласман на ЕП.
Нашите денешни домаќини жалат што во финишот не реализираа барем една од неколкуте шанси. Словакот Владимир Вајс кој е на клупата на Грузија по средбата најави:
„Во овој меч влеговме со неколку проблеми. Чекветадзе не беше спремен за два меча. Загубивме два поени, имавме 2-3 гол шанси преку Канкава и Шенгелиа но неуспеавме. Знаеме дека одигравме добро, подобро од нив. Македонија е одличен тим го имаат фантастичниот Пандев и неговото искуство. Барди, Елмас, добро бекови! Сменивме систем, направивме измени но втор гол не дадовме. Резултатот 1:1 – добар меч пред плеј-офот со Белорусија. Тој е најважниот меч. Имаме еден месец да се подготвиме“.