Чешкиот репрезентативец Патрик Шик ќе биде нов фудбалер на Баер Леверкузен. 24-годишниот напаѓач доаѓа во редовите на Леверкузен од Рома за 29 милиони евра плус бонуси. Минатата сезона овој фудбалер ја помина како позајмен во РБ Лајпциг со ефект од 28 натпревари и 10 голови. Поранешниот фудбалер на Сампдорија и Спарта Прага со новиот клуб ќе стави потпис на договор до 2025 година.

Трансферот ќе биде комплетиран откако Шик ќе се врати од кампот на чешката репрезентација. Тој моментално е во самоизолација откако во репрезентацијата на Чешка имаше два позитивни случаи на КОВИД-19.

Тој треба да го замени Каи Хаверц кој прејде во Челзи за 100 милиони евра плус бонуси.