Ракометарите на Прилеп со победа од 27:25 над екипата на Струга ги завршија подготвителните натпревари во очи на стартот на новата сезона во домашното ракометно првенство.

Суперлигашот беше подобар од Струга во денешниот последен тест-меч и покажа дека се наоѓа во добра форма пред стартот на сезоната и премиерниот меч со Металург. Прилепчани ќе го прескокнат 1. коло бидејќи се слободни, па на 14 септември го стартуваат првенството со меч дома со Металург.