Агрон Руфати денеска ќе биде во стартните единаесет на мечот против Фарски Острови. Иако стоперот се жалеше на повреда, односно болки сепак, тој ќе биде подготвен за настан во стартните единаесет.

Тоа значи дека стоперската линија ќе ни биде иста како на мечот против Шпанија, кога Руфати заедно со Серафимов целосно ја анулираа Шпанската офанзива и не дозволија речиси ниту една стопостотна шанса на гостите на мечот во Скопје.