Левио бек Џамал Луис го напушти Норич и му се приклучи на Њукасл. 22-годишниот репрезентативец на Северна Ирска стави потпис на петгодишен договор со клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Луис ја почнал кариерата во Лутон, а во 2014 година преминал во Норич со кого избори промоција во Премиер лигата и потоа испадна од Премиер лигата минатата сезона. Но тој остави добар впечаток и се препорача кај Њукасл. Се шпекулира дека црно-белите за овој играч платиле 17 милиони евра.

Њукасл претходно се засили со англискиот напаѓач Калум Вилсон, потоа со шкотскиот репрезентативец Рајан Фрејзер, ирскиот интернационалец Џеф Хенрик и голманот Марк Гилеспи кој дојде од Мадервил.