Светскиот шампион Франција ја победи Хрватска со 4:2 во групата на Лигата на нациите но победата ја оствари после силен финиш. Претходно „коцкастите“ водеа, потоа изедначија на 2:2. Во финишот „Триколорите“ дадоа два гола и победија. Селекторот Дидие Дешамп го бранеше својот систем 3-5-2  кој не беше идеален.

Ни беше тешко во првите 30 минути кога не бевме во ритам. Хрватите беа многу агресивни, затоа што сакаа да се реваншираат по поразот од 1:4 од Португалија. Да не заборавиме дека тие имаат многу добри играчи. Ги губевме дуелите, многу грешевме. После половина час почувствувавме  дека енергијата им паѓа и преземавме иницијатива. Им кажав на играчите дека ако успееме да поведеме со 2:1 пред почетокот на второто полувреме тоа ќе биде фантастично.

По паузата игравме постабилно. Системот е далеку од перфектен, треба да се усовршува. После овие два меча не можам да кажам дека ќе продолжиме со истиот или ќе преминеме на друг. Сега е важно да пробуваме. Подобро да се мачиме сега отколку на европското првенство“, коментира францускиот селектор.