Аталанта објави дека големи се шансите екипата да ги игра натпреварите од Лигата на шампионите во новата сезона на својот стадион во Бергамо. По последната инспекција на УЕФА на „Гевис стадионот“ констатирано е дека се е во ред и дека наскоро клубот ќе може да биде домаќин на мечевите од ЛШ во Бергамо.

Инспекцијата даде добри оценки при последната обиколка на стадионот. Сепак, даде инструкции да се забрзаат работите и се да биде завршено за неколку недели, по што Аталанта ќе добие зелено светло за настап во ЛШ 2020/21 на својот стадион“, изјавија од Аталанта.

Нивниот стадион „Атлети Азури“ ќе го смени името откако компланијата Гевис ги купи правата минатата година, а претрпе радикални промени поради што Аталанта своите натпревари од домашниот шампионат, Лигата на Европа и Лигата на шампионите ги играше на стадионот на Сасуоло и на „Сан Сиро“ во Милано.

Сонот за натпревари од ЛШ во Бергамо се чини ќе се оствари.

Ние како клуб можеме да кажеме дека остваривме уште еден сон. Бергамо ќе биде дел од Лигата на шампионите“, изјави претседателот Антонио Перкаси.

Аталанта дебитираше во ЛШ минатата сезона и стигна до четвртфиналето (запрени од ПСЖ), а идната сезона повторно ќе бидат дел од елитата откако завршија трети во Серија А.