Европските клубови бараат промени во регулативата за Лигата на шампионите и Лигата на Европа за следната сезона. ББЦ објави дека европските клубови бараат да им биде дозволено да прават по пет замени за време на натпреварите во европските купови оваа сезона.

Се верува дека благодарение на ова ќе биде можно да се намали товарот на фудбалерите во новата сезона од Лигата на шампионите, каде паузата е намалена за четири недели поради одложувањето на стартот на новата сезона.

Од УЕФА се уште се немаат изјаснето, но ќе го стават ова прашање на првата следна седница на извршниот комитет.