По победата над Ерменија и ремито со Грузија во Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација би требала да скокне најмалку две места на ФИФА листата. Според проекцијата која е направена за тоа како би изгледала новата ФИФА листа која треба да се објави следниот четврток, Македонија со 1351 бод треба да има напредок за две позиции и да влезе во друштво со Саудиска Арабија и Албанија, на делба на 66. место.

Нашиот следен ривал, Косово, со кого на 8 октомври во Скопје треба да го одиграме полуфиналниот меч од минатото издание на Лигата на нации, би требал да забележи пад од една позиција и на новата ФИФА листа да се најде на 116. место.