По мечот со Грузија остана една дилема, ако може така да се каже, дали црвениот картон кој што го доби Висар Муслиу во Тбилиси значи дека тој ќе го прескокне историскиот меч со Косово. Нашето мислење, откако ги консултивме експертите за оваа тематика, веднаш го кажавме. Нема потреба од паника, ова е друго натпреварување, а тоа значи дека одличниот стопер ќе игра на 8 октомври против селекцијата на Косово во полуфиналето од плеј – офот за пласман на ЕВРО 2021.

Но ајде да го сочекаме состанокот на Дисциплинската комисија на УЕФА, која ќе го одржи на 22 септември и на него ќе се знае дефинитивно дали Муслиу има право или не. Нефицијално и од УЕФА е сугерирано дека нема потреба од грижи.

Да, Муслиу ќе биде казнет, се шпекулира со казна од најмалку три меча, со оглед на тоа дека тој доби жолти картони и со Ерменија и со Грузија, а и црвен во Тблиси, но тоа значи дека тој не може да игра на мечевите во Лигата на Нации, а не и на баражите за ЕВРО 2021.

Сепак, ајде да го сочекаме тој 22 септември.