Селекторот на женската фудбалска репрезентација на САД, која воедно е Светски првак, Македонецот Влатко Андоновски денеска беше во посета на Фудбалската Федерација на Македонија.

Беше примен од страна на раководните структури на Федерацијата, однодно од генералниот секретар Филип Поповски.

” Убаво кога добри работи им се случуваат на луѓе кои се чесни кон својата работа, кои не калкулираат и знаат што сакаат во животот! Влатко е голем господин, честитки!“

На Андоновски во оваа прилика му беше врачен и дрес на Македонската фудбалска репрезентација со негово име во знак на благодарност за укажаната чест.