Попладнево од 16 часот се играат сите пет натпревари од Втората лига – запад. Секако дека дербито на 3.коло се игра во Гостивар, каде истоимената екипа која важи за супер фаворит за освојување на првото место, ќе го дочека лидерот на табелата по првите две кола, составот на Кораби.

За тоа што може да се очекува од овој натпревар, свој коментар има Боби Стојковски, кој со Кораби имаше одличен старт.

“Да, ова е дерби на колото. Играа првиот и вториот на табелата. Не треба да се трошат зборови за тоа со каков квалитет располага тимот на Гостивар, секако дека е фаворит на овој меч, но само ние досега имаме освоено максимален број на бодови. Одиме да се надигруваме на гости кај фаворитот, без некаков си непотребен протисок“ изјави за СПОРТМЕДИА Боби Стојковски, стратегот на Кораби.

Инаку на клупата на Лабуништа Тетово или Тетекс свое официјално деби ќе има Славчо Георгиевски – Тупан. Тој и неговите „штофари“ гостуваат ви Велешта. Скопје го дочекува Кадино, Дрита ја чека тежок дуел со Охрид, а Кичево играат Влазерими и Вардар Форино.

ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА 16 Ч

ГОСТИВАР – КОРАБИ

ВЕЛЕШТА – ЛАБУНИШТА ТЕТОВО

ДРИТА – ОХРИД

СКОПЈЕ – КАДИНО

ВЛАЗЕРИМИ – ВАРДАР ФОРИНО

ТАБЕЛА

1.КОРАБИ 6

2.ГОСТИВАР 4

3.СКОПЈЕ 4

4.ОХРИД 4

5.ВЕЛЕШТА 3

6.КАДИНО 3

7.ВАРДАР (Ф) 2

8.ДРИТА 1

9.ВЛАЗЕРИМИ 0

10.ЛАБУНИШТА ТЕТОВО 0