Гостивар со 1:0 го победи Кораби во дербито на 3.коло во Втората лига – запад. Со овие три бода сега гостиварци се на чело на табелата заедно со Скопје, тим кој пак дома исто со 1:0 славеше против Кадино. Лабуништа Тетово беше убедливо поразена од Велешта на гости со 2:0, додека Дрита и Охрид одиграа без голови 0:0. Влазерими убедливо го доби мечот со Вардар Форино со 2:0.

РЕЗУЛТАТИ – 3.КОЛО

ГОСТИВАР – КОРАБИ 1:0

ВЕЛЕШТА – ЛАБУНИШТА ТЕТОВО 2:0

ДРИТА – ОХРИД 0:0

СКОПЈЕ – КАДИНО 1:0

ВЛАЗЕРИМИ – ВАРДАР ФОРИНО 2:0

ТАБЕЛА

1. ГОСТИВАР 7

2. СКОПЈЕ 7

3. КОРАБИ 6

4. ВЕЛЕШТА 6

5. ОХРИД 5

6. КАДИНО 3

7. ВЛАЗЕРИМИ 3

8. ВАРДАР (Ф) 2

9. ДРИТА 2

10. ЛАБУНИШТА ТЕТОВО 0